Во Скопје има 55 новозаразени, а во Тетово уште 20
Последната бројка на оздравени е 74, од кои 37 во Скопје
Нови 118 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие во земјава, како што соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 1 363 тестирања, а нови заразени има во Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1 и Гостивар-4.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73) примена во болницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72) на 21 јуни, а денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5 311, бројката на оздравени пациенти е 2 048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 012. Од вчерашните тестирања три се контролни, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2588, активни 1734
• Куманово 703, активни 250
• Дебар 83, активни 31
• Штип 276, активни 186
• Прилеп 235, активни 17
• Тетово 558, активни 322
• Струга 181, активни 101
• Велес 169, активни 34
• Битола 43, активни 14
• Охрид 120, активни 100
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 87, активни 50
• Гевгелија 10, активни 6 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 12, активни 8
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 9, активни 6
• Ресен 70, активни 69
• Неготино 19, активни 8 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 53 248 тестирања на ковид-19. Денеска, како што информираат од МЗ, нема тестирања во рамки на скринингот.
