Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Драган Ковачки, преку видеообраќање од Велес вети реализација на повеќе инфраструктурни проекти во тој регион.
Ветувањата се однесуваат на подобрување на железничкиот сообраќај, како и на паркирањето и здравствените услуги во Велес.

„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес–Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес–Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово–Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“,
рече Ковачки.
Ковачки вели дека Велес и Македонија заслужуваат да се развиваат. Затоа ги повика граѓаните, како што рече, „сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим“.
„На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска-Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија“,
повика тој.