Бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека политичките прашања меѓу двете земји, ќе се решаваат паралелно со сите останати
Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков во Софија, во одговор на новинарско прашање за вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, истакна дека граѓани со посебна определба може да побараат да бидат впишани во Уставот, но тоа е процес ко вклучува повеќе чекори.
„Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“,
изјави Ковачевски.
Тој истакна и дека е нормално да се отвора Уставот за една држава која е на пат кон ЕУ, но и дека се ќе зависи од барањата на граѓаните.
„Граѓани во државата, коишто се самоопределуваат на друг начин, можат да побараат да бидат дел од Уставот на Република С. Македонија. Тоа е процес што поминува низ уставни измени, кои пак, имаат повеќе чекори и во кои се вклучени повеќе институции, ако тоа се случи, а нормално е да се случи на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвара Уставот за да се направат и други адаптирања, тогаш ќе бидат опфатени и тие прашања, врз основа на барањата на граѓаните“,
рече Ковачевски.
Бугарскиот премиер Кирил Петков истакна дека политичките прашања меѓу двете земји, ќе се решаваат паралелно со сите останати.
„Истовремено со ова сакам да кажам дека Министерствата за надворешни работи паралелно и покажуваат јасни резултати, нови премини, нови авио-линии, соработка во образование. Паралелно со ова да одат и политичките прашања, значи ритамот да биде динамичен. Добро е што ставивме денеска една рамка за таа работа“,
изјави Петков.