Потенцирано е дека Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска се сретна со Дерек Шоле, американски советник за надворешна политика и автор, кој моментално работи како советник на Стејт департментот.
На средбата, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, е потврдено стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија. Потенцирано е дека Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник.
Дискутирале и за важноста САД и Северна Македонија да ја прошират соработката и во доменот на образовните, културните и професионалните размени.
Премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната поддршка на САД, кој од 2019 година има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите.