Ескобар ја нагласил неопходноста од максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ со почеток на пристапните преговори и ја потенцирал поддршката на САД за итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија
Премиерот Димитар Ковачевски за време на „Делфи економскиот форум“ во Грција оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На средбата, како што соопштија од владината прес-служба, Ковачевски и Ескобар разговараа за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, како и справувањето и ефикасниот одговор на мерките на Владата за енергетската криза.
Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакна дека е обезбеден стабилен континуитет на стратегиски политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, се вели во соопштението.

Ескобар ја нагласил неопходноста од максимално забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ со почеток на пристапните преговори и ја потенцирал поддршката на САД за итно изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија.
„Ковачевски и Ескобар изразија согласност дека нема време за губење и дека секое натамошно одлагање на тој процес предизвикува сериозни регионални последици, го поттикнува националистичкиот наратив со што се отвора вратата за зголемено влијание на трети страни“,
соопштија од владината прес-служба.

Дел од одговорите на овие ризици, речено е на средбата Ковачевски-Ескобар, се содржат во иницијативата „Отворен Балкан“, која како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар, САД целосно ја поддржува затоа што нејзиниот концепт го помага регионалниот развој и ја забрзува европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
На средбата е констатирано дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратегиско учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој.
