Ковачевски му се заблагодарил на премиерот Мицотакис за поддршката на Грција во процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и го запознал со некои од резултатите од посетата на соседна Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево остварил телефонски разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој му ја честитал новата функција на Ковачевски и му посакал успешна работа, се вели во владиното соопштение.
Двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, како и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството.
Ковачевски му се заблагодарил на премиерот Мицотакис за поддршката на Грција во процесот за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и го запознал со некои од резултатите од посетата на соседна Бугарија.
„Низ взаемно почитување и дијалог базиран на европски вредности, верувам дека можеме да најдеме решение во интерес на двете земји и народи“,
истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со неговиот грчки колега Мицотакис.
Премиерите Ковачевски и Мицотакис разговарале и за економската соработка, соработката во енергетиката, културата и други важни области, при што се договориле и за заедничка средба во рамки на Делфи Форумот во Атина, кој треба да се одржи во текот на месец април 2022 година, се додава во соопштението на владината прес-служба.