Со податоците на државата ѝ се овозможува да планира и да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот, вели премиерот
Пописот е релевантен, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на презентацијата на резултатите од оваа статистичка операција спроведена минатата година во септември.
Податоците, вели премиерот, ќе овозможат да се планираат и креираат политики во интерес на граѓаните и бизнисот.
„Имав чест да присуствувам на денешната презентација на резултатите од Пописот, спроведен од страна на Државниот завод за статистика. Пописот е спроведен по сите европски статистички стандарди, и дава податоци кои беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни. Пописот содржи релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да планира и креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Честитки до Државниот завод за статистика и сите инволвирани во процесот, за професионалноста и ефикасниот и успешен попис!“,
вели Ковачевски во неговиот прв коментар за пописот.
*Повеќе вести поврзани со пописот:
- Објавени резултатите од пописот 2021: Во земјава живеат 1 836 713 лица
- Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…
- Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна, најмногу ги има во Скопје, Куманово и Струмица
- Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари
- Попис 2021: Скопје има речиси 20 илјади жители и над 50 илјади стана повеќе од 2002 година
- Ахмети се огласи за пописот: Во Скопје сега има 22,8% проценти Албанци, наспроти од 20,04% во 2002 г.