Претходно и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на Владата на Србија за изземање на нашата држава од забраната за гас, бидејќи, како што рече, ова значи можност за Струмица да обезбеди компресиран гас по поволни услови
Премиерот Ковачевски ја поздрави одлуката на официјален Белград за изземање на Македонија за забрана на извоз на гас.
„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас. Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен Балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата“,
напиша Ковачевски на Фејсбук.

Претходно и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на Владата на Србија за изземање на нашата држава од забраната за гас, бидејќи, како што рече, ова значи можност за Струмица да обезбеди компресиран гас по поволни услови.
Во изјава за МИА Костадинов потенцира дека ваквата одлука значи многу за Струмица и за општинскиот гасоводен систем.