„Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешнополитички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Северна Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи“, се наведува во соопштението од владината прес-служба
Телефонскиот разговор меѓу Ковачевски и Шоле доаѓа ден пред утрешното чествување на 151-годишната од раѓањето на Гоце Делчев, настан за кој МВР и безбедносните служби на земјава преземаат засилени безбедносни мерки, откако на состанокот на Советот за безбедност, одбележувањето на 4 февруари беше означено како настан од висок ризик поради можни провокации по неодамнешното повторно заострување на односите меѓу Скопје и Софија
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва имал телефонски разговор со советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле, на кој присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски, и амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Анџела Агелер.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служаб, премиерот Ковачевски изразил огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава.
„Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешнополитички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Северна Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи“,
се наведува во соопштението.
Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговарале за повеќе актуелни прашања, при што е оценето дека Северна Македонија е држава која напредува.
„Изразена е целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, како прашање од државно, регионално и европско значење, како и очекување дека е тоа препознаено и од пошироката политичка и општествена јавност“,
се додава во соопштението.
Телефонскиот разговор меѓу Ковачевски и Шоле доаѓа ден пред утрешното чествување на 151-годишната од раѓањето на Гоце Делчев, настан за кој МВР и безбедносните служби на земјава преземаат засилени безбедносни мерки, откако на состанокот на Советот за безбедност одбележувањето на 4 февруари беше означено како настан од висок ризик поради можни провокации по неодамнешното повторно заострување на односите меѓу Скопје и Софија.
Инаку, советникот на американскиот Стејт департмент на 11 јануари беше во официјална посета на земјава како дел од неговата мини балканска турнеја во рамките на која покрај Скопје, тој беше и во Белград и Приштина.
На средбите со владините претставници, како што соопштија тогаш од амбасадата на САД, Шоле порача дека патот напред за Северна Македонија, како и оној на остатокот од Европа, бара напорна работа и жртва, а Соединетите Држави се партнер во справувањето со тие предизвици.