За време на претпладневниот телефонски разговор премиерот му го честитал мандатот на својот бугарски колега и му посакал успешна работа во новоизбраната влада на Бугарија која ќе ја предводи
Потребна е конструктивност во пристапот и натамошната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија – нешто што го очекуваат граѓаните на двете земји, но и регионот, Европската Унија и меѓународните партнери.
Ова за време на телефонски разговор претпладнево го нагласиле премиерот Димитиар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премерот Николај Денков. Ковачевски и Денков изразиле очекување за добра меѓувладина соработка која ќе биде во интерес на граѓаните и на добрососедските односи.

„Разговарано е за важноста од промоција на позитивната реторика која придонесува во меѓусебната доверба, како и од продолжување на динамиката во билатералната агенда и средбите меѓу министрите во владите кои ќе придонесат кон постигнување резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните“,
нагласиле македонскиот и бугарскиот премиер за време на телефонскиот разговор.
Ковачевски му го честитал мандатот на новиот бугарски премиер и му посакал успешна работа во новоизбраната влада на Бугарија која ќе ја предводи.