На состанокот е разговарано за важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества
Во пресрет на првиот состанок на Европската политичка заедница, во Прага, Чешка, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) каде што беа и премиерите од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии.

На самитот, меѓу другите, учествуваа и Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и поранешниот премиер на Грција и претседател на Сириза, Алексис Ципрас. На состанокот е разговарано за важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества.
„Политиките кои ги носи оваа влада, а се однесуваат на развој и унапредување на демократијата и слободата на граѓаните и обезбедување општество за сите, се суштински социјалдемократски, прогресивни политики насочени кон развој и напредок. Благодарение на посветената работа и прогресивните политики на оваа Влада, од заробена држава, Република Северна Македонија, прерасна во демократија која работи исклучиво во интерес на граѓаните и ги почитува нивните права и слободи“,
се додава во соопштението од Владата.
Воедно, додаваат од таму, директен резултат на овие политики и поставеност е и исполнувањето на нашата стратегиска цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ со што уште еднаш ги потврдивме нашите силни заложби дека сме на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој на државата со кои обезбедуваме подобар живот за сите.
„Преку низа реформски процеси, но и интервентни и таргетирани мерки обезбедуваме и продолжуваме да обезбедуваме поддршка на најранливите граѓани во време на криза“,
додаваат од Владата.