Секогаш кога се случува трагедија или се појавува скандал, тој излегува во јавноста со изјава од „јас не сум оттука“, „вознемирен и изненаден сум“, како да се работи за аналитичар, а не премиер на државата, пишува во реакцијата на опозициската партија
Откако премиерот Димитар Ковачевски изјави дека дава целосна поддршка за истрагата што се води за Клиниката за онкологија и побара да не се прави сензационализам, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека тој е опериран од срам и се прави дека не е оттука, а сето ова се случувало во неговиот премиерски мандат.
„Ковачевски е опериран од срам. Секогаш кога се случува трагедија или се појавува скандал тој излегува во јавноста со изјава од ’јас не сум оттука‘, ’вознемирен и изненаден сум‘, како да се работи за аналитичар, а не премиер на државата. Неговата коалиција е седум години на власт, а самиот тој две години е премиер. Во овој период се случија трагедии во кои настрадаа 75 граѓани, период во кој физиолошки раствор се давал наместо терапија и нема никаква одговорност. Сето ова е сведоштво на пациенти и граѓани кои поминале низ хорор и ги загубиле своите најблиски“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека наместо да релативизира и да „расфрла пердуви“, премиерот треба да прифати одговорност.
Ковачевски, пак, во денешната изјава, меѓу другото, рече дека ваквиот тип на криминал е мултипартиски и мултиетнички.
„Гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност само на одредени лица зависно од нивната припадност. Она што можам да го кажам дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен и затоа повикувам и МВР и обвинителството непречено да ја извршуваат својата работа, да ги идентификуваат можните сторители врз основа на докази и за тоа ја имаат нашата целосна поддршка од почетокот на акцијата“,
рече премиерот.
*Други поврзани вести:
- ОЈО Скопје и полицијата ја „тресат“ Клиниката за онкологија: Се прибираат докази во рамки на предистражна постапка
- Обвинителство: Одземени се компјутери и друга документација од Клиниката за онкологија и приватни станови во Скопје
- Меџити очекува брза истрага по наводите за злоупотреби на Клиниката за онкологија
- Бесрамен и криминален начин на заработка врз грбот на пациентите, вели заменик-министерката Манолева за случајот со Онкологија
- Лекарската комора за Онкологија: Ниту еден пациент не заслужува злоупотреба на терапијата за лична корист
- ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот со лекови на Онкологија бил возможен само со знаење на високи структури во клиниката и во власта
