Честитка по повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј
Македонскиот народ со особена грижа и верност ги чува заветите оставени како аманет од сесловенските просветители, чие дело е подеднакво вредно и корисно за целокупното човештво. Да продолжиме по нивните стапки и со мудрост да носиме подобри времиња за сите, се вели во честитката од премиерот Димитар Ковачевски до Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.
„Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник Денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј. Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј“,
се вели во честитката.