Претходно „360 степени“ објави дека според извори од истрагата поранешниот министер за економија е обезбеден во врска со издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани како кабаре
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва на прес-конференција потврди дека поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е на распит во полициската станица „Карпош“.

„Имам сознанија дека се извршува разговор и со него. Во моментов се наоѓа во полициска станица. Не можам да кажам повеќе детали“,
одговори Коцевски на прашањето дали има информација дека Бектеши е на распит во полициска станица.
Претходно „360 степени“ објави дека според извори од истрагата поранешниот министер за економија е обезбеден во врска со издавањето на лиценцата за работа на дискотеката во Кочани како кабаре.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, според последните информации, загинаа 59 лица. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека се осомничени повеќе од 20 лица.