Претседателот на СДСМ Зоран Заев беше во Валандово и Дојран, а заменик-претседателката на партијата Сања Лукаревска во Центар
Претседателот на СДСМ вечерва во Валандово го промовираше Перо Костадинов како кандидат кој на локалните избори на 17 октомври ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат.

„Во Валандово во овие четири години се работеше вредно, посветено и одговорно, со силна поддршка од локалната власт. Тој континуитет мора да се одржи во следните четири години. Таа силна динамика мора да продолжи. Затоа Перо Костадинов и неговите проекти во Програмата се нашата најдобра понуда“,
рече Заев.
Како проект што го издвои за за следните четири години го спомена Валандово – паметен град-инсталација на клауд-системи за паметно осветлување, поставување на смарт-клупи (паметни клупи) во урбаните зони, бесплатни wi-fi зони на повеќе локации во Општината, се дел од проектот „Валандово – паметен град“.

Вечерва Заев беше и во Дојран каде како најдоброто за оваа општина го промовираше Анго Ангов и неговата Програма за развој на сите населени места во оваа општина.
Тука го најавија, како што го нарекоа, капиталниот проект за формирање и развој на автокампот „Николиќ“, познат по убавите плажи кои во минатото биле меѓу најпосетените места во Дојран.

Вечерва во Скопје на плоштадот „Јадран Сквер“ се одржа промотивната конвенција на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата.
„Со центарци нема шега, тоа ВМРО-ДПМНЕ најдобро го знае“,
рече Герасимовски, кој најави дека во следните четири години ќе се фокусира на чистата животна средина и подобрување на хигиената во општината.
Посебен фокус ќе бидат младите, поддршката за нив и стимулацијата да напредуваат.