Информацијата дека заминува од функцијата тој ја објави на својот фејсбук-профил, заедно со Анализата на перформансот на компаниите кофинансирани од ФИТР, за која вели дека е негова последна активност како директор на ФИТР, функција што ја извршуваше изминатите 14 месеци
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров на својот фејсбук-профил објави дека Анализата на перформансот на компаниите кофинансирани од ФИТР, за која вели дека е негова последна активност како директор на ФИТР, функција што ја извршуваше изминатите 14 месеци.
„Ова е и моја последна активност како директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка во овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“,
напиша меѓудругото Петров во објавата.