Резолуција, исто така, ја нагласува потребата од политички плурализам кај српската заедница во Косово, „чиј развој овозможува демократски напредок и ја зголемува транспарентноста и отчетноста кон оваа заедница и ја заживува промоцијата на нејзините вистински интереси во Република Косово“
Пратениците на собранието на Косово усвоија денеска Резолуција со која се осудува нападот од 24 септември во Бањска кај Звечане, каде што беше убиен полицаецот Африм Буњаку, а беа повредени уште тројца полицајци.
Резолуцијата, со која се осудува, како што се наведува во неа, „терористичкиот напад организиран од Република Србија против државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Косово“, беше изгласана со 97 гласови „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.
По координацијата меѓу позицијата и опозицијата, текстот на резолуцијата го презентираше претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.
Со неа, меѓу другото, се бара меѓународниот фактор да ја соочи Србија со нејзината улога во однос на организацијата на нападот врз косовската полиција и поддршката што ѝ ја дала на оваа група.
„Собранието на Република Косово најостро го осудува терористичкиот напад организиран од Република Србија врз косовската полиција на 24 септември 2023 година и бара меѓународниот фактор да го изврши своето влијание со цел Србија да се соочи со нејзината улога во однос на организацијата и сестраната поддршка што ѝ ја пружи на терористичката група за нападот на северот на Република Косово“,
се вели во Резолуцијата.
На косовската полиција ѝ се изразува поддршка за извршување на нејзините задачи на целата територија на Косово.
„Собранието ја цени работата, посветеноста и извонредните резултати на безбедносните институции на Република Косово и меѓународните партнерски институции за безбедност (Еулекс и КФОР), во заедничката акција за одвраќање и уништување на терористичките напади организирани од Србија на северот на земјата, се вели, меѓу другото“,
во резолуцијата.
Од Владата на Косово се бара да работи со меѓународните сојузници, а се нагласува и потребата од „меѓународна истрага против Србија во врска со организацијата на терористички активности“.
Резолуција, исто така, ја нагласува потребата од политички плурализам кај српската заедница во Косово, „чиј развој овозможува демократски напредок и ја зголемува транспарентноста и отчетноста кон оваа заедница и ја заживува промоцијата на нејзините вистински интереси во Република Косово“.
* Поврзани вести
- Српската опозиција ги обвини Вучиќ и СНС за последниот инцидент во Косово
- Косово го обвини потпретседателот на Српска листа за организација и учество во нападот на косовската полиција
- Вучиќ го обвини Курти за насилствата на Косово во кои беа убиени еден полицаец и тројца напаѓачи
- Сè уште е тензично на северот на Косово – Вучиќ најави вонредно обраќање откако Курти ја обвини Србија за убиството на полицаецот