Во писмото на три страници, која го објави агенцијата Телеграфи.ком, е претставена хронологијата и информациите за тоа што се случило на северот на Косово
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово во писмо до земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) побара да се преземат мерки против Србија, која ја обвинува дека постојано се обидува да го дестабилизира северот на Косово, а неодамна и со воспоставување барикади, пренесува Нова.рс.
Во писмото на три страници, која го објави агенцијата Телеграфи.ком, е претставена хронологијата и информациите за тоа што се случило на северот на Косово.
„Во најдобар случај, Србија намерно се обидува да го дестабилизира Косово за да го спречи напредокот на дијалогот, особено во контекст на новопредложениот план на ЕУ (поддржан од Франција и Германија) за нормализирање на односите“,
се вели во писмото.
„Српските криминални групи поставија барикади“
„Во најлош случај, намерната ескалација и инструментализација на криминалните групи кои нè потсетуваат на начинот на кој Србија работеше за време на почетокот на војните во 1990-тите е навистина лош знак и материјализација на она за што воениот режим во Белград со години трубеше“,
додаваат од Министерството.
Во писмото потоа се детализирани текот на настаните од 10 декември, кога „српските криминални групи поставија барикади на улиците на северните општини“, до најновите напади врз новинарите кои известуваат од северот.
„На 10 декември Србија им наредува на криминалните групи на северот на Косово да постават барикади, што сега е вообичаена мерка секогаш кога Белград сака да ги зголеми тензиите на Косово. Она што е различно овојпат е тоа што српскиот претседател Вучиќ повеќе не се преправа дека не стои зад нив – тој не само што отворено признава дека ги контролира барикадите, туку сега ги легитимира и ги користи како политичка алатка за дестабилизација“,
се вели во соопштението.
После тоа се споменува и шок-бомбата врз припадниците на ЕУЛЕКС и барањето на Србија за распоредување на српски војници на Косово.
„Српските лидери негуваат чувство на омраза кон косовските Албанци“
Министерството посочува дека тоа потсетува на руската стратегија за инвазија на суверена држава (Украина) под изговор за заштита на нивната „ранлива заедница“. Се додава дека властите на Косово намерно сè уште не почнале да ги демонтираат барикадите за да не ги креваат тензиите, туку побарале поддршка од КФОР.
Тие потсетуваат на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, од пред неколку години, дека „Милошевиќ бил голем лидер“. Тие укажуваат и на заканувачката изјава на Вучиќ од 1990-тите: „За секој убиен Србин ќе убиеме 100 муслимани“. Хронолошки се споменуваат и сите настани во Белград поврзани со Косово.
„Српските политички лидери со години негуваат чувство на нетолеранција и омраза кон косовските Албанци – од актуелниот министер за надворешни работи Дачиќ, кој јавно им се заканува на српските граѓани кои откриваат информации за масовни гробници на Албанците убиени за време на војната, до самиот Вучиќ кој го поздрави Милошевиќ како ‘голем лидер кој имаше најдобри намери, но нашите резултати беа лоши’“,
продолжува писмото.
„Тие се обидуваат дополнително да ги разгорат тензиите“
МНР го споменува и притворот на српската политичарка Рада Трајковиќ, која на границата на Косово и Србија чекаше повеќе од 20 часа, без пристап до вода, храна и основни лекови.
„На 18 декември криминални групи од Србија протестираат и се обидуваат да ја нападнат српско-косовската граница, со маскирани лица со обележја на Вагнер на чело со Дамјан Кнежевиќ, новиот очигледен лидер на Вагнер во Србија“,
нагласуваат тие.
„Мисијата на КФОР под управа на НАТО, која се наоѓа на границата со Косово, потврди присуство на криминални групи на границата“, се наведува во писмото. Се зборува и за пукање од огнено оружје кон латвиските членови на КФОР, кој дејствува на Косово.
„Уште полошо, веднаш по нападот, српските медиуми под контрола на Вучиќ почнаа да известуваат дека косовската полиција отворила оган врз српските граѓани, обидувајќи се дополнително да ги разгори тензиите и да поттикне вооружени конфликти на северот. Вучиќ веднаш се сретнал со неговите вооружени сили и го испраќа началникот на Генералштабот на границата со Косово“,
се заклучува во писмото.