Ова Кајтази, новинар и аналитичар, го кажа во дебатната емисија на РТВ Дукаѓини, заедно со детали за истрагите на Специјалното обвинителство на Косово. Според него, врз основа на овие истраги, кумановската група планирала да го нападне и затворот и да го извлече од затвор лицето по име Бедри Красниќи, кого Кајтази го нарекува „криминалец“
Косовскиот новинар и аналитичар Вехби Кајтази вели дека кумановската група (осудените за „Диво насеље) „е криминална банда“. Ова Кајтази го кажа во дебатната емисија на РТВ Дукаѓини, заедно со детали за истрагите на Специјалното обвинителство на Косово. Според Кајтази, врз основа на овие истраги, кумановската група планирала да го нападне и затворот и да го извлече од затвор лицето по име Бедри Красниќи, кого Кајтази го нарекува „криминалец“.

Тој во телевизискиот настап, како што објави „Газета Експрес“ уште ја обвини групата дека „вооружена до заби“ отишла во Македонија и се борела со македонските полициски сили во кои има многу Албанци. Дополнително, тој рече дека посетата на Али Ахмети на Приштина за време на која, според него, лидеот на ДУИ имал средби со високи преставници на политичката сцена, побарал помош, бидејќи самиот Ахмети бил информиран дека низ Македонија се движи вооружена група од Косово.
„Дојде претставникот на Груевски во Приштина, Али Ахмети, кој се сретна со Рамуш Харадинај и го предупреди за група која се движи кон вооружените сили, но не доби одговор. Се сретна со Хашим Тачи, кој не е тука, се сретна со Кадри Весели, се сретна со премиерот Иса Мустафа. Од сите побара решение бидејќи таму заминала вооружена група од Косово и создава немири. Претходно имаше инцидент и во полициската станица на границата, односно кога влегоа и ја разоружаа полицијата,“
рече Кајтази.
Косовскиот новинар обелодени и дека водачите на оваа група за ова добивале пари, додека некои од членовите не ни знеле каде одат.
„Отидоа во друга држава вооружени од Косово, а нивните водачи земале пари, затоа што излегоа доказите за 3 милиони евра што ги платила македонската служба. Тие, водачите сакаа пари, а некои од нив навистина не знаеле ни каде одат,“
вели Кајтази.
Кајтази, меѓу другото, отфрли дека целта на оваа група била одбрана на правата и слободите на Албанците и посочува дека доказ за тоа е што меѓу убиените припадници на безбедносни сили има и Албанци.
„Кои слободи и права на Албанците, кои права и кој стана да ги решава овие права на Албанците. 30-40 луѓе ќе одат таму, 50 луѓе ќе ги решат овие права. Станува збор за криминална банда, која отишла во Македонија, се тепала со македонските, албанските полициски сили, таму биле убиени осум полицајци, дел од нив и Албанци,“
вели Кајтази, додавајче дека е сввесен оти поле ваквите изјави ќе биде предмет на напади, но дека не му е грижа.
Кумановската група се врати во центарот на дискусиите во Косово, по изјавата на пратеничката на ПДК, Блерта Делиу, која во Собранието изјави дека шурата на министерката за правда, Албулена Хаџиу, е уапсен за тероризам во Северна Македонија.
Минатата недела косовскиот заменик-министер за правда Блерим Салаху во интервју за телевизија во Приштина најави посетата на Македонија, при што посочи дека ќе се сретне и со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“. Целта на посетата, како што рече, е да се информира за условите во кои ја издржуваат казната и дали се почитуваат нивните права и притоа се повика на Законот за државјанство.
Но, заменик-министерот за правда Агим Нухиу, кој требаше да му биде домаќин, демантира дека ќе има средба со осудениците, туку дека се работи за посета на затворот „Идризово“.
Следниот ден посетата на Салаху беше откажана.