Привремениот премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека престојот на до 50 лица во земјата, кои подоцна ќе се вратат во своите матични земји, ќе го управува и координира Министерството за внатрешни работи
Привремената влада на Косово одлучи да обезбеди привремена заштита за 50 лица од трети земји, во рамките на соработката со Соединетите Американски Држави.

„Лицата засегнати од оваа одлука, за време на нивниот престој во Република Косово, ќе постапуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со важечките закони“,
објави привремената извршна власт по електронската седница одржана на 11 јуни.
Привремениот премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека престојот на до 50 лица во земјата, кои подоцна ќе се вратат во своите матични земји, ќе го управува и координира Министерството за внатрешни работи.
Курти на социјалната мрежа Икс напиша дека по донесувањето на оваа одлука косовските власти ќе работат „во тесна соработка со надлежните американски власти во текот на целиот процес“.
„Во текот на една година, до педесет лица можат привремено да бидат преместени во Косово, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивните земји на потекло. Владата на Косово ќе има можност да избира лица од предложената група, под услов да ги исполнуваат специфичните критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“,
вели Курти.
Following discussions with the U.S. Government, the Republic of Kosova has adopted a government decision in support of cooperation in the relocation of third-country nationals. In response to the United States’ request, Kosova has expressed its willingness to participate under…
— Albin Kurti (@albinkurti) June 11, 2025