На денешната седница, од 104 пратеници кои беа присутни, само 53 гласаа за формирање на комисијата, што е недоволен број за конституирање
Косовските пратеници денеска и по педесетти обид не успеаја да го конституираат парламентот, со што се продлабочува институционалната криза која во земјата трае веќе неколку месеци. Недостигот на консензус меѓу политичките партии продолжува да биде главната пречка за формирање на нови институции.
На денешната седница, од 104 пратеници кои беа присутни, само 53 гласаа за формирање на комисијата, што е недоволен број за нејзино одобрување. Неконституирањето на собранието останува поради несогласувањата за формирање комисија која би го организирала гласањето за претседател на собранието. Партијата на Албин Курти, Самоопределување, инсистира кандидатката Аљбулена Хаџиу да биде поддржана и тоа на тајно гласање, додека пак ДПК, ДЛК, Српска листа, ААК и Нисма продолжуваат да се спротивставуваат.
Ваквиот епилог доаѓа откако на само неколку дена пред истекот на 30-дневниот уставен рок кој беше поставен од Уставниот суд, со што се бара парламентот да биде конституиран до 26 јули 2025 година.
Кабинетот на косовската претседателка најави можност таа да се обрати до Уставниот суд поради блокадата бидејќи и претходната одлука на судот од крајот на мај се толкуваше различно од страна на партиите.
Претседавачот на седницата, Авни Дехари, најави дека следниот обид ќе се случи в среда, во 11 часот.