Во Косово неколку дена се бележи раст на излекувани пацинети со ковид-19. Во последните денови, статистиките покажуваат дека повеќе луѓе оздравеле отколку што има нови дијагностицирани.
Од појавата на коронавиурсот на Косово до денеска има вкупно 823 дијагностицирани слуачаи.
Во синоќешното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) се наведува и дека во саботата во земјата се потврдени рекордни 38 оздравени пациенти, со што бројката на тие кои ја надминаа болеста се зголеми на 336.
Во Лабораторија за молекуларна микробилогија на ИШПК вчера се извршени испитувања на 231 примерок на лица за кои постоело сомневање дека е можно да се заразени од новиот вирус, со што вкупната бројка на досега извршени тестирања изнесува 7.875.
Ниту во саботата, како и во претходните четири дена, во Косово не е евидентирана ниедна жртва на ковид-19, така што вкупната бројка на починати од заразата и натаму е 22.