Одлуката на Советот на ЕУ дека увозот на руски гас во земјите на Унијата треба да биде забранет од 1 јануари 2026 година, што се однесува и на транзитот на таа енергија преку ЕУ до трети земји, наведува Кос, не имплицира дека земјите-членки ќе го запрат трансферот до трети земји како Србија
Лага е дека одлуката на Советот на ЕУ ќе го спречи трансферот на гас во Србија. Наместо тоа, ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Зборувајќи за жртвите од падот на бетонската натстрешница во Нови Сад, Кос рече дека тој момент на тага ги тргонал сите, а особено Србија.
„Трагедијата и нејзините последици дополнително ја продлабочија поларизацијата на општеството во Србија. Во изминатите 11 месеци, студентите и граѓаните протестираат во градовите и селата и бараат одговорност. Корупцијата и неодговорноста се двата главни предизвикувачи на протестите, тие исто така претставуваат мотив за незадоволство поради недостигот на демократија, попречувањето на медиумите и неказнивоста на политичарите“,
истакна Кос додавајќи дека Европската комисија ја следи ситуацијата
Таа оцени дека за време на протестите, полицијата претежно го почитувала правото на собирање, но неодамна имало инциденти на насилство врз студенти, мирни демонстранти и новинари, како и несоодветна употреба на сила.
„Очекуваме одговорот на полицијата да биде пропорционален и основните права да бидат почитувани. ЕУ очекува истрагата на овие случаи да биде приоритет, а исто така ги осудуваме сите акти на омраза, вандализам и насилство од страна на демонстрантите и продолжуваме да ги повикуваме двете страни на деескалација на тензиите“,
изјави еврокомесарката за проширување.
Таа, исто така, потсети дека Србија, како земја-кандидат за членство во ЕУ, треба да ги почитува клучните вредности што се темели на Унијата – слободата на собирање, медиумската и академската слобода.
Кос го поздрави напредокот во однос на донесувањето на законот за избирачкиот список и РЕМ и додаде дека е потребно да се спроведат препораките на ОДИХР со цел да се обезбедат еднакви услови за сите во иднина.
„Ставот на ЕУ е дека Србија треба јасно и гласно да донесе стратешка одлука – блиски односи со Москва и Пекинг што ги придружуваат критичките изјави кон ЕУ не се очекуваат од земја-кандидат“,
изјави таа.
Одлуката на Советот на ЕУ дека увозот на руски гас во земјите на Унијата треба да биде забранет од 1 јануари 2026 година, што се однесува и на транзитот на таа енергија преку ЕУ до трети земји, наведува Кос, не имплицира дека земјите-членки ќе го запрат трансферот до трети земји како Србија.
„Ова се лаги. Наместо тоа, ЕУ ја охрабрува Србија да ги диверзифицира сите извори на снабдување и да се интегрира во енергетските мрежи на ЕУ. Би ја повторила забелешката на Вучиќ на конференцијата со Фон дер Лајен, на која тој изјави дека тоа е стратешка цел на Србија, а вчерашната одлука е целосно во согласност со тоа. Сега е моментот властите да ја покажат посветеноста на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ – со зборови и дела“,
заклучи Кос.