Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г. Камчев, туку и врз оние што имаат бизнис со него, вели Агелер
Корупцијата има последици, порача амбасадорката на САД, Анџела Агелер, откако американското Министерство за финансии соопшти дека бизнисменот Орце Камчев го става на „црна листа“ за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела.
„Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г. Камчев, туку и врз оние што имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци коишто го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“,
изјави Агелер.
#Accountability #FightCorruption pic.twitter.com/DVnwmXcu2Y
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) July 19, 2023
Камчев заврши на „црната листа“ како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување.