Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна над 4 милиони. Многу од земјите во светот се под рестрикции од март, но некои од нив веќе ги олеснија преземените мерки. Би-би-си споделува неколку фотографии од тоа каква е состојбата во светот и како земјите ги практикуваат мерките во борбата против ковид-19.

Во Индија вработените во одредени индустрии се вратија на работа.

Црквите и џамиите во Сирија смеат да бидат отворени, вклучувајќи ја и оваа, „Сеинт Еалијас“, во Алепо.

На работниците мигранти им е дозволено враќање дома откако владите почнаа да ги олабавуваат мерките

Во Италија на луѓето им е дозволено да се рекреираат на отворено откако земјата веќе влезе во втората фаза во борбата со коронавирусот.

Во Јордан беше воведен 24-часовен карантин, кој беше укинат кон крајот на март.

Во Полска е дозволено да работат пазарите на отворено, но со придржување кон мерките за социјална дистанца.

Мерките нема да била олабавени во Шпанија сѐ додека расте бројот на заразени.

Маријачи-бенд во Мексико со онлајн-концерт за Денот на мајката.

Плажите во Јужна Африка остануваат затворени.