Во последните неколку недели има речиси вертикално зголемување на бројот на заболени од коронавирус во оваа четврта најнаселена земја во светот, што ги натера здравствените експерти да предупредат дека без воведување нови ограничувања овој бран може да биде поразителен како вториот бран епидемија во Индија
Ограничувањата се однесуваат и на туристичките места Бали и Јава
Индонезискиот претседател Џоко Видодо од денеска најави итни мерки што ќе бидат во сила до 20 јули, за да се спречи и запре скокот на бројот на заразени со коронавирус и преоптоварувањето на здравствениот систем во земјата.
Во последните неколку недели има речиси вертикално зголемување на бројот на заболени од коронавирус во оваа четврта најнаселена земја во светот, што ги натера здравствените експерти да предупредат дека без воведување нови ограничувања овој бран може да биде поразителен како вториот бран епидемија во Индија.
„Со соработка на сите нас и со Божја помош, сигурен сум дека можеме да го спречиме вирусот и брзо да му го вратиме животот на нашиот народ“,
рече претседателот Џоко, најавувајќи поостри мерки.
Новите мерки вклучуваат построги ограничувања на авионски патувања и патувања воопшто, забрана за работа на ресторани и затворање на несуштински бизниси и тие ќе бидат применети и на островите Бали и Јава, кои се популарни туристички дестинации.