Жителите на Шуклапур секојдневно се молат, носат света вода и цвеќе, барајќи благослов з стивнување на состојбата со коронавирусот
Жителите на селото Шуклапур во Индија подигнаа светилиште на „божицата Корона“ и се молат во него во надеж дека ќе го избркаат вирусот.
Селаните од Шуклапур, на северот од државата Утар Прадеш, се молеле, донеле света вода и жолти цвеќиња во светилиштето, каде што исто така поставиле статуа на идолот „Корона Мата“, која ја подигнале оваа недела.

„Можеби со нејзин благослов, за селаните, за нашето село и за сите други ќе дојде извесно олеснување“, изјавил еден локален жител.
Сепак, молитвите на локалното население во Шуклапур не се целосно услишани, имајќи предвид дека бројот на заболени со ковид и натаму е висок, иако многу помалку од порано.