Картата на Европскиот центар за контрола на болести за Европа се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и учеството на позитивните резултати во вкупниот број тестирани
Европскиот центар за контрола на болести денеска објави нова „корона-мапа, на која една третина е во црвена боја повеќе од една третина е во жолта, а само мал дел е во зелена боја.
На пример, Хрватска е главно во црвена, додека Словенија е во темноцрвена боја, како и балтичките земји Литванија и Естонија.
Од поголемите земји, Германија е скоро целосно во црвена боја, Франција е претежно жолта со црвени и зелени делови од земјата, а Шпанија варира од црвена во зелена, во зависност од делот на земјата. „Шампионот“ во вакцинација во Европа, Португалија, е целиот со жолта боја.

Најдобра епидемиолошка ситуација има во Чешка, Полска и Данска, кои претежно се во зелена боја. Унгарија, исто така, има добра позиција.
За потсетување, црвената боја на мапата значи дека стапката на заразени во текот на 14 дена е од 75 до 200 заразени, со позитивен удел од повеќе од 4 проценти, како и области каде што таа стапка е од 200 до 500, и темноцрвени области каде што стапката е повисока од 500 случаи дневно во тој временски период.
Советодавната епидемиолошка карта на ЕЦДЦ за Европа се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и учеството на позитивните резултати во вкупниот број тестирани.