Украинскиот претседател Володимир Зеленски доаѓа во Минхен, но по повеќе од десет години руските политичари одбија да присуствуваат, објасни долгогодишниот претседател на Минхенската безбедносна конференција, амбасадорот Волганг Ишингер
По повеќе од десет години, Минхенската безбедносна конференција ќе се одржи без руски политичари, а на која, меѓу другото, главната тема на дијалог ќе биде руско-украинската тензија, пренесува српскиот сервис на турската радиотелевизија ТРТ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски доаѓа во Минхен, но по повеќе од десет години руските политичари одбија да присуствуваат, објасни долгогодишниот претседател на Минхенската безбедносна конференција, амбасадорот Волганг Ишингер. Тој се обиде да му понуди на претседателот Владимир Путин барем видеообраќање, но попусто.
Во Минхен доаѓаат лидери на многу организации, Обединетите нации се предводени од генералниот секретар Антонио Гутереш, НАТО-aлијансата е предводена од генералниот секретар Јенс Столтенберг, додека германската делегација ќе ја предводи канцеларот Олаф Шолц. Оваа година во Минхен ќе бидат присутни американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен, потпретседателката Камала Харис и делегација на Конгресот.
На денешната 58. по ред Минхенска безбедносна конференција, учесниците ќе бидат фокусирани на глобалните предизвици на различни тркалезни маси, в сабота за безбедносната ситуација, особено за руско-украинското заострување, а в недела ќе зборуваат за иднината на Европската унија.
На конференцијата учествуваат над 30 шефа на држави и повеќе од 60 министри за одбрана и за надворешни работи, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.