Не се разликува многу од другите видови на вирусот и не претставува ризик за луѓето кои се вакцинирани, вели водечкиот експерт од Институтот Гамалеја, Фјодор Лисицин
Видот на коронавирусот јота, кој првпат беше идентификуван во Њујорк минатата година, не се разликува многу од другите видови на вирусот и не претставува ризик за луѓето кои се вакцинирани, вели водечкиот експерт од Институтот Гамалеја, Фјодор Лисицин, за „Русија-24“.
„Би ги советувал вакцинираните луѓе да не се грижат за овој вид. Во првобитната состојба, овој вид не се разликува од другите соеви на коронавирус. И, секако, е помалку опасен од делта“,
рече Лисичин, пренесува агенцијата Тасс.
Според Лисицин јота се уште не е присутен во Русија.
Јота првпат беше идентификуван минатата година и се пренесува 15 до 25 проценти побрзо од другите видови на вирусот, според истражувањето спроведено во Њујорк.
По британската варијанта и особено по делта (индискиот) сој на коронавирусот, експертите неодамна посочија на уште еден сој ламбда првпат идентификуван во Перу во декември. И додека Светската здравствена организација го идентификува делта-сојот како „варијанта на загриженост“, за ламбда се вели дека е „варијанта на интерес“. Болницата во Хјустон, Тексас го пријави својот прв случај минатиот месец.