До ДИК, како што рече претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, не е пристигнато ниту официјално ниту неофицијално известување за евентуални проблеми на гласањето
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, информира дека гласањето на болните, измоштените и затворениците се одвива непречено и без никакви потешкотии. До ДИК, како што рече, не е пристигнато ниту официјално ниту неофицијално известување за евентуални проблеми.

„Гласањето во текот на денешниот ден за сите категории кои имаат право да гласааат е навреме започнато, немаме никакви проблеми ниту со изборниот материјал ниту со изборните органи. Немаме никаква забелешка, приговор, поплака или други евентуални информации кои би ги споделиле“,
изјави Кондарко на денешната прес-конференција на ДИК.
Додаде дека надлежни овластени лица од стручната служба и членови на ДИК во текот на денот се излезени на терен во обиколна на неколку Општински изборни комисии.
Кондарко потенцира дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно, туку ќе бидат запечатени и приклучени кон резултатите од утрешното гласање, односно кон соодветните избирачки одбори, по што ќе бидат објавени како дел од вкупните резултати кои сукцесивно ќе почнат да се објавуваат по утрешниот изборен ден.
