Американската компанија „Спејс икс“ ја состави најголемата ракета досега, објави Би-би-си. Два сегмента од ракетата – горниот „Стар шип“ и долниот погонски дел „Супер хеви“ се составени во постројката на „Спејс икс“ во Бока Чика во Тексас.
Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи изгледаат како џуџиња.
A big crowd on hand in Texas to watch SpaceX stack its first Starship rocket bound for orbit: https://t.co/4XtQJl5wfb
— Michael Sheetz (@thesheetztweetz) August 6, 2021
Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно повеќе потисок од ракетата што ги испрати луѓето на Месечината.
За поврзување на двата сегмента беше потребен масивен кран. Тие беа задржани на таа позиција еден час, а потоа беа разделени.
„Спејс икс“ има уште неколку недели, односно месеци за тестирање пред првиот официјален лет, кој најверојатно ќе се случи до крајот на 2021 година.
Извршниот директор компанијата, Илон Маск, составувањето на ракетата го нарече „сон што стана реалност“.
Starship Fully Stacked pic.twitter.com/Fs88RNsmfH
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2021
Тој вели дека „Стар шип“, откако ќе биде завршен, ќе може да ги одведе луѓето на Месечината и на Марс. Исто така, би можел со голема брзина да превезува луѓе низ целиот свет, а друга очигледна намена на ракетата е поставување сателити во Земјината орбита.
Во моментов најмоќната ракета во употреба е „Фалкон хеви“, исто така развиена од „Спејс икс“. Taa произведува потисок од 23 мегањутни при лансирање, а новата ракета „Супер хеви“ се очекува да достигне околу 70 мегањутни.