Компанијата „Рош“ соопшти дека развиле три различни вида тестови за откривање на вирусот мајмунски сипаници бидејќи болеста веќе почна да се шири во региони и надвор од Африка, каде што обично овој вирус не е присутен.
Во Европа и Северна Америка досега има повеќе од 200 сомнителни или потврдени случаи со мајмунски сипаници, според податоците на Светската здравствена организација.
Швајцарската компанија соопшти дека еден од трите комплети на „LightMik Modular Virus“ открива ортопокс вируси, биолошка група која вклучува вируси поврзани со мајмунските сипаници, како и мали сипаници.
Вториот тест го открива само вирусот на мајмунските сипаници, посебно западноафриканските и централноафриканските соеви. Третиот тест, пак, открива и ортопокс вируси, но и вирусот на мајмунските сипаници.