Повторниот прекин на производството следува по обраќањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски пред француските пратеници
Францускиот производител на автомобили Рено објави дека повторно ја прекинува работата во својата фабрика во главниот град на Русија, Москва.
Ова е вторпат автомобилската компанија да ја прекинува работата. Првично Рено стопираше со почетокот на руската инвазија на Украина, но оваа недела повторно ја рестартираше работата во фабриката.
Во соопштението кое го објави вечерва, од Рено истакнаа дека и претходно ги почитувале меѓународните санкции кон Русија.
Повторниот прекин на производството доаѓа откако претходно денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски имаше обраќање пред француските пратеници во кое ги повика компаниите од Франција кои имаат фирми и во Русија да прекинат со работа и на тој начин да не ја финансираат руската агресија.
„Рено, Ошан, Лерој Мерлил и други компании мора да престанат да ја спонзорираат руската воена машина. Тие мора да престанат да ги финансираат убиствата на жени и деца“,
беа дел од коментарите на Зеленски во видеообраќањето пред француските пратеници.