Ние водиме 34 високообразовни установи во земјава, што апсолутно е недозволиво. Под називот приватен институтот де факто се обавуваат други функции, како што е еве примеров со кладилницава, вели ресорната министерка Весна Јаневска
Министерството за образование затворило 14 т.н. приватни институти, а најбруталниот пример бил кога Комисијата на МОН при увид на институт открила дека тој е регистриран во задна просторија на обложувалница, со две столчиња и два душека. Случајот денеска го обелодени ресорната министерка.
„Ние водиме 34 високообразовни установи во земјава, што апсолутно е недозволиво. Под називот приватен институтот де факто се обавуваат други функции, како што е еве примеров со кладилницава“,
кажа министерката за образование и наука, Весна Јаневска, по увид во градежни активности за изградба на новата училишна зграда во Општина Илинден.
Јаневска одговараше на новинарски прашања поврзани со приговорите на приватните установи околу новиот Закон за високо образование.
На прашањето во врска со нивните забелешки, како на пример за тоа дека во рок од шест месеци треба да го зголемат кадарот од 2 на 5 доктори на науки кои требало да имаат пишува за институцијата кадешто би биле ангажирани, министерката вели:
Не се критериумите нешто што министерот или работната група арбитрарно ги измислиле. Ние направивме сериозна анализа на многу закони и надвор од Европа и заклучивме дека ова се мерки кои ќе се значајни и потребни за да се подобри квалитетот на високообразовната, но и научната дејност во земјата. Да, може да е тешко да се обезбедат 10 доктори на науки, но со оглед на тоа дека продукцијата на доктори беше висока, им препорачувам да си најдат од тие што чесно ги завршиле тие студии, да си вработат луѓе, наместо да ги злоупотребуваат – денес ги примаат 10, поминува институционалната акредитација, по два дена отпуштаат 5, тоа истотака не е во ред и за тоа сме свесни… Има преодна одредба во законот. Секој што докторирал треба да има најмалку два објавени труда. За да одбрани докторски труд треба да има најмалку два објавени труда, а ако магистрирал претходно, а ,и во тој период треба д а има одбрането труд, тоа се три труда. Они веќе ги исполнуваат условите.
Во понеделник законот ќе биде затворен и даден во владина постапка. Дотогаш, министерката вели дека секој сериозен приговор ќе биде разгледан и доколку има разумно образложение ќе се направи измена.
