Најголем раст на 31 октомври, во споредба со 17 октомври, има СДСМ – 27 358, а потоа ВМРО-ДПМНЕ – 26 315 и ДУИ – 22 618 гласa…, што, сепак, не беше доволно за владејачката партија да задржи поголем дел од градоначалничките позиции
Политичките партии ги мотивирале гласачите и во вториот круг во сите 43 општини и во Градот Скопје, така што го зголемија бројот на гласови, споредено со освоените гласови во истите општини во првиот круг.
Најголем раст во добиените гласови во вториот круг има СДСМ – 27 358, потоа ВМРО-ДПМНЕ – 26 315 и ДУИ – 22 618 гласа.
Независните кандидати успеале да соберат 14 129 гласа, потоа Беса – 12 389, АА/А – 9 199, ГРОМ – 8 023, ЛДП/ДОМ – 1 910, ДПА – 973 и ТМРО – 301 глас, објави МИА.
Во 43 општини и Градот Скопје, каде што имаше втор круг, СДСМ има вкупно 146 808 гласа, што е раст од над 27 илјади гласа, споредено со 119 450 гласа во првиот круг во истите општини.
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг има добиено 99 500 гласа, а во вториот 125 815 или плус од 26 илјади гласа.
ДУИ во првиот круг има освоено 104 030 гласа, а во вториот 81 412 гласа.
Независните кандидати во прв круг имаат добиено 20 697, а во втор круг 34 826 гласа.
БЕСА во прв круг има 14.373, а во вториот 26.762 гласа.
АА/А во прв круг има освоено 44.180, а во вториот 53.379 гласа.
Кандидатот на ГРОМ во прв круг во Општина Карпош има 6.841, а во вториот круг 14.864 гласа што е двојно повеќе. Кандидатот на ЛДП/ДОМ во Шуто Оризари во прв круг има 2.246, а во втор круг 4.156 гласа. Кандидатот на ДПА во Студеничани во прв круг добил 3.146, а во втор круг 4.119 гласа и кандидатот на ТМРО во Старо Нагоричане во прв круг добил 510, а во втор 811 гласа.
Кандидатите за Град Скопје со раст од над 40 илјади гласа во вториот круг
Петре Шилегов на првиот круг на локалните избори 2021 има добиено вкупно 78 783 гласа, а во вториот за околу 12 илјади гласа повеќе или 90 672. Данела Арсовска во првиот круг има 86 698, а во вториот 118 749 гласа или за околу 30 илјади повеќе.
Најголем раст во бројот на добиени гласови Данела Арсовска има во Аеродром, каде што во вториот круг има 5 321 глас повеќе во споредба со првиот круг.
Петре Шилегов најголем раст во бројот на добиени гласови во вториот круг, споредено со првиот има во Карпош – 3 941 глас.
Двајцата имаат загубено гласови во општина Сарај во вториот, споредно со првиот круг и тоа Шилегов 901, а Арсовска 307 гласа помалку.
Најголема разлика во добиените гласови меѓу двата круга во корист на Шилегов има во Чаир – 250, додека Арсовска во Гази Баба – 4 561.
На претходните локални избори, Петре Шилегов беше избран за градоначалник во прв круг со освоени 141.164 гласа, пред Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ со 101 472 гласа.
На локалните избори во 2013 година, градоначалник на град Скопје беше избран во втор круг, кога Коце Трајановски доби 124 455 гласа, пред Јани Макрадули од СДСМ со 76 390 гласа, пренесува МИА.