Строгиот шеријатски закон во Иран деновиве однесе уште една жртва. Покрај дваесет и двегодишната Махса Амини, која беше убиена од иранската полиција за морал поради неправилно носење хиџаб, на протестите што следуваа, пред два дена, беше убиена уште една жена, познатата иранска блогерка Хадис Наџафи. И повторно, од полицијата за морал
Овој огранок на полицијата, кој се нарекува Гашт-е-Ершад, е специјална единица задолжена за спроведување на усогласеноста на исламскиот морал и за апсење жени за кои смета дека се „несоодветно“ облечени
Во бруталните судири меѓу полицијата и граѓаните, во кои загинаа најмалку 35 лица, а кои следуваа по смртта на Махса Ахмини, загина и Хадис Наџафи. Во неа полицијата испука шест истрели. Дваесетгодишна девојка на 24 септември се здоби со прострелни рани во градниот кош, лицето и вратот. На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како Хадис Наџафи си ја врзува косата додека се подготвува да се приклучи кон групата демонстранти. Потоа таа била застрелана. Нејзиниот симболичен потег стана нов симбол на страдањето во борбата за слобода во Иран.
Смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше убиена од иранската полиција за морал поради неправилно носење хиџаб, предизвика масовни протести кои не стивнуваат веќе десетти ден по ред. И не е само во Иран, туку и во голем број земји во светот.






Едно од најважните барања на луѓето кои практично се борат со полицијата на улица е укинување на ова тело кое го надгледува почитувањето на строгите шеријатски закони. Благодарение на нивната борба, светот конечно се запраша: Зошто постои полиција за морал и кој им дозволува да владеат со животите на жените таму?

Овој огранок на полицијата, кој се нарекува Гашт-е-Ершад, е специјална единица задолжена за спроведување на усогласеноста на исламскиот морал и за апсење жени за кои смета дека се „несоодветно“ облечени.
Ова подразбира дека жените се казнуваат дури и за најмало непочитување на строгиот кодекс на облекување, што беше случај и со Амини, која беше уапсена само затоа што и се гледале прамени од косата под нејзиниот хиџаб. Припадниците на оваа единица тоа го протолкуваа како непочитување на шеријатскиот закон, кој бара од жените да ја покриваат косата со хиџаб и да носат долга облека што ќе ја маскира нивната фигура.

Ова правило е воведено затоа што Иранците, како и повеќето од оние што живеат во земји кои строго се придржуваат до шеријатот, сметаат дека жените кои не се облекуваат правилно, ги провоцираат мажите и ги наведуваат на грев.
Полицијата која го контролира ова е поделена во групи и секоја од нив се состои од шест члена – четворица мажи и две жени, а тие тие контролираат области каде што се собираат голем број луѓе, како што се плоштадите.
Оваа гранка на полицијата е воведена уште во 1979 година по Исламската револуција и нејзината главна цел е да ги принуди жените да се облекуваат скромно. Во времето на воведувањето на оваа полиција, жените во Иран беа облечени нормално, а мини здолништа и непокриена коса не беа невообичаена глетка на улиците на Техеран.
Iran. From Bikini to Burqa in fifty years. pic.twitter.com/NKa4DXa2df
— Anand Ranganathan (@ARanganathan72) September 19, 2022
На власт беше прозападниот лидер Мухамед Реза Пахлави, чија сопруга Фара често носеше модерна облека. Но, пред 43 години, тој беше соборен од власт, пао што следеше пекол за жените во оваа земја.

Камшици и затвор за непослушните
За само неколку месеци беше основана Исламската Република и беа затворени сите организации кои се бореа за правата на жените.
Уредбата според кој хиџабот е задолжителен за сите жени на работните места е воведен на 7 март истата година. Бидејќи жените се спротивставија на примената на овие наредби, законот беше дополнително заострен во следните години. Во 1983 година, парламентот одлучи дека жените кои не ја покриваат косата на јавно место може да бидат казнети со 74 удари со камшик. Во поново време, додадена е казна до 60 дена затвор.
Ригорозните закони станаа уште поостри кога на власт дојде сегашниот претседател Ебрахим Раиси, припадник на тврдото верско крило. Раиси потпиша декрет на 15 август за спроведување на новата листа на ограничувања. Тие вклучуваат инсталирање безбедносни камери за надзор и казни за непокриени жени, како и упатување во „советувалиште“ и задолжителна затворска казна за секој Иранец кој се прашува или објавува на интернет против правилото за хиџаб.

Ограничувањата доведоа до зголемување на бројот на апсења и сè побрутален третман на уапсените, вклучувајќи закани и тепања.
Од тепањето Амини почина. Таа била кај роднините во Техеран кога полиција за морал ја уапси и ја однела во притвор каде брутално ја претепале. Девојката добила срцев удар и починало.
Ова поттикна масовни протести иницирани од жени кои не можат веќе да го поднесат ваквиот третман.