Ако Макрон не добие апсолутно мнозинство, ќе треба да бара поддршката од другите партии за да ги спроведе плановите од кои клучните се однесуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, намалување на даноците

Не поминаа ни два месеца откако Емануел Макрон убедливо беше реизбран за претседател на Франција, а неговата коалиција веќе се соочува со тешки избори чии што исход би можел да го спречи да ги протурка планираните реформи.
Граѓаните на Франција денеска гласаат во вториот круг од парламентарните избори, кој треба да одлучи кој ќе го контролира нивното Национално собрание. Во првиот круг, коалицијата на Макрон здружената и левица предводена од Жан-Лик Меланшон беа речиси изедначени. Првичните резултатите од денешното гласање, пак, се очекува да бидат објавени во текот на наредните часови.
Меланшон ја предводи левичарско-зелената алијанса која се залага за нова еколошка и социјална народна унија, а предизборните анкети покажуваат дека оваа коалиција би можела да го спречи Макрон да ги освои потребните 289 места што му се потребни за апсолутно мнозинство. Центристичката алијанса на претседателот ривалската коалиција ја нарекува „брак од интерес“ на комунисти, социјалисти, екстремно леви Меланхонисти и Зелени.
Доколу не успее да го добие потребното мнозинство, Макрон ќе треба да бара поддршката од другите партии за да ги спроведе плановите од кои клучните се однесуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, намалување на даноците.
Левичарско-зелената коалиција, пак, на Французите им ветува борба со зголемување на цените, намалување на старосната граница за пензионирање и справување со климатските промени.
Третиот блок составен од формацијата на екстремната десница Марин Ле Пен, пак, се надева дека ќе ја помине границата од 15 пратеници за да можат да формираат пратеничка група во Собранието.
Класичната десница смета на околу шеесетина пратеници во идното Собрание.