Како што сега објави неговиот кабинет, шеикот Калифа веќе некое време бил во лоша здравствена состојба, откако во 2014 година доживеа мозочен удар, по што ги презеде свечените претседателски овластувања. Неговиот полубрат Мохамед бин Зајед Ал Нахјан извршуваше јавни работи во земјата и беше одговорен за секојдневно одлучување во Емиратот Абу Даби
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан почина денеска на 74-годишна возраст. Тој исто така бил и владетел на Емиратот Абу Даби. Тој е еден од најбогатите владетели во светот зад себе остави богатство проценето на 120 милијарди долари, кое сега ќе биде поделено на неговите осум наследници.

Шеикот Калифа беше претседател на Обединетите Арапски Емирати од 2004 година, кога почина неговиот татко Зајед бин Султан ал Нахјан.
Калифот пред тоа извршувал дел од должностите на претседател од позицијата на престолонаследник, бидејќи неговиот татко се соочувал со здравствени проблеми.

Тој контролираше 97,8 милијарди барели нафтени резерви и беше претседател на Инвестициската управа на Абу Даби, која управува со имот од 875 милијарди долари, што е најголема сума со која управува шефот на државата во светот. Се верува дека семејството Ал Нахјан има богатство од 150 милијарди долари, од кои 120 милијарди се директно во сопственост на шеикот Калифа.
Осум наследници
Највисоката зграда во светот, првично позната како Бурџ Дубаи, во негова чест беше преименувана во Бурџ Калифа, откако Абу Даби му даде на Дубаи 10 милијарди долари за отплата на долговите.

Како што сега објави неговиот кабинет, шеикот Калифа веќе некое време бил во лоша здравствена состојба, откако во 2014 година доживеа мозочен удар, по што ги презеде свечените претседателски овластувања. Неговиот полубрат Мохамед бин Зајед Ал Нахјан извршуваше јавни работи во земјата и беше одговорен за секојдневно одлучување во Емиратот Абу Даби.
Шеикот Калифа бил најстариот син на Зајед бин Султан ал Нахјан и Хасе бинт Мохамед бин Калифа Ал Нахјан.

Тој беше оженет со Шамса бинт Сухаил Ал Мазруеи и имаше осум деца – Султан, Мухамед, Шама, Салам, Ош, Шеик, Латифа и Муса, кои сега ќе го делат богатството од 120 милијарди долари.