Причината за пожарот се уште се испитува, а полицијата објави дека просторијата во која се наоѓаат трансформаторите во внатрешноста на трафостаницата е уништена
Пожар во голема трафостаница во близина на Токио, управувана од компанијата Ист Џапен Реилвеи, предизвика прекин на електричната енергија денеска, поради што операторот привремено ги прекина возовите на многуте линии во метрополитенската област Токио, соопшти компанијата.
Прекинот на електричната енергија предивика проблеми за околу 236 000 луѓе, а пожарот бил ставен под контрола и нема повредени, обави Кјодо.
Причината за пожарот се уште се испитува, а полицијата објави дека просторијата во која се наоѓаат трансформаторите во внатрешноста на трафостаницата е уништена.
