Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати меѓу двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државава. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места
Доставен е приговор од коалицијата „Европски фронт“ за прегласувањето на избирачкото место 2021 во селото Ларце, Општина Желино, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК).
Други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во изборните единици 5 и 6, не пристигнале.

И од коалицијата „Европски фронт“ за „360 степени“ ја потврдија информацијата дека е доставен приговор до ДИК.
Во рок од 72 часа од пристигнувањето на приговорот ДИК е должна да донесе одлука. На решението од ДИК, кандидатите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, кој по приемот во тек на 48 часа треба да одлучи по неа.
Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата. Коалицијата „Вреди“ сега ќе има 14 претставници во парламентот, односно еден повеќе од освоените 13 мандати на изборите на 8 мај, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ падна од 19 на 18 пратенички места.
Екипа на „360 степени“ пред неколку дена одблизу ја следеше прославата на коалицијата „Вреди“ во тетовското село Ларце откако дента таму се прегласуваше на парламентарните избори.
На прославата имаше огномет и истрели од пиштоли и автоматско оружје.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека постапуваат по пријава за пукањето од огнено оружје на прославата на коалицијата „Вреди“ во тетовско Ларце.