Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива вечерва одржа промотивната конвенција за кандидати за пратеници на тетовскиот плоштад. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села порача дека промената на власта ќе значи и промена на политичкиот менталитет и раководењето со земјата.
„Сакаа да не вовлечат во политичката игра наречена оштество за сите, но нема да успеат. Ние заедно со Алтернатива ќе бидеме ваши претставници, засновани на нашата определба. Албанците во 2016 веруваат дека ќе се урне режим, пола од режимот падна. Нашата коалиција ќе донесе промена и пад и на другиот дел од режимот. Нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван јазикот на 20 проценти, туку албански јазик во законот за јазици“,
рече Села кој е носител на листата во шестата изборна единица.
Африм Гаши, лидерот на Алтернатива кој ќе биде носител на листа во изборна единица 2 истакна дека ова не е обична конвенција, туку кампања која ќе донесе промена во политиката.
„Не се бавев со политика, но многуте неправди ме натерааа на овој предзивик. Секое семејство има некого на печалба и тоа мора да се смени. Да направиме живот добар како во европските земји. Ова не се само избори, туку и референдум, а прашањето е дали сакате уште наши деца да се иселат или да имаат еднакви услови како во ЕУ“,
рече Гаши.
Пред присутните зборуваат и дел до кандидатите за пратеници и носители на листите Беким Татеши, Ваљбона Река, Скендер Реџепи и Сурија Рушиди.