Доктор Далип Јахаја од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар е назначен за раководител на Клиниката за ортопедија.
За оваа информираа од Министерството за здравство откако досегашниот раководител на Клиниката за ортопедија Виктор Камнар поднесе оставка. Како што пренесоа дел од порталите, тој на вработените на Клиниката им рекол дека се повлекува од лични причини и дека на негово место ќе дојде друг сериозен колега.