Во обраќањето, таа се осврна и на уставната обврска за заштита на животната средина, велејќи дека нашиот Устав ја препознава заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како темелна вредност на уставниот поредок
Професорот по метеоролошки науки, Владо Спиридонов, пак, рече дека климатскиот систем е нестабилен, а честите екстремни временски, хидролошки и климатски настани бараат итна адаптација со современи системи за прогноза и најава на повеќестепени хазарди. Упати предупредување за ова лето оти, како што рече, е можно силно „Ел Нињо“ сценарио со зголемени температури, топлотни бранови, суши и интензивни бури
Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што рекојдневно ја живееме, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на настанот на тема „Климатски промени-ризици и предизвици“, што се одржува во вила „Водно“.

Според неа, државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја посочи и уставната обврска за заштита на природата, предупредувајќи дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите остануваат на хартија.
„Кога зборуваме за климатските промени, не зборуваме за нешто далечно и апстрактно, туку за реалност што секојдневно ја живееме низ леталата што траат подолго отколку што сме навикнале, низ воздухот, збогатен со ПМ честички, низ водата што станува загадена и недоволна, низ шумите што исчезнуваа“,
рече таа.
Посочи дека климатските промени се мултипликатор на ризици, зашто не создаваат само нови предизвици, туку ги засилуваат постојните.
„Она што вчера било економски проблем, денес станува социјален, а утре и безбедносен. Во последните години, екстремните временски и климатски настани предизвикаа значајни економски штети и загуби на ресурси, што директно се одразува врз развојните можности“,
кажа Сиљановска-Давкова.
Во обраќањето, таа се осврна и на уставната обврска за заштита на животната средина, велејќи дека нашиот Устав ја препознава заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како темелна вредност на уставниот поредок.
„Иако оваа вредност е уставна материја, се уште го чекаме законот за клчиматска акција“,
рече претседателката.
Според неа, потребна е промена на начинот на размислување, планирање и одлучување, зашто долго време, како што рече, функциониравме реактивно, односно „пост фестум“, наместо превентивно, односно „еx анте“.
„Преминот кон превентивно делување станува неопходен, при што интегрираниот систем за рано предупредување е дел од решението, заедно со координацијата меѓу институциите и соработката“,
вели таа.
На дискусијата се обрати и националниот координатор за климатски промени, Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, која зборуваше институционалениот статус, тековни активности и Законот за климатска акција.
„Донесување на закон за климатска акција, реструктурирање на организациската структура на Министерството за животна средина и просторно планирање преку инкорпорирање на единица за следење и известување, градење капацитети на нови работи и приватниот сектор и донесување на подзаконски акти“,
кажа таа.
Професорот по метеоролошки науки, Владо Спиридонов, пак, рече дека климатскиот систем е нестабилен, а честите екстремни временски, хидролошки и климатски настани бараат итна адаптација со современи системи за прогноза и најава на повеќестепени хазарди.
„Подгответе се за ова лето – можно е силно ‘Ел Нињо‘ сценарио со зголемени температури, топлотни бранови, суши и интензивни бури“,
рече тој.
На настанот присуствуваа универзитетски професори, експерти, претставници на институции и граѓанскиот сектор, а разговорите се во насока да се изнајдат конкретни препораки и мерки за превентивно дејствување и иновативни решенија за адаптација на климатските промени.
