Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца. Не е јасно дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски саботери.
Инаку, оружени престрелки повторно се забележани во градот Сму во североисточна Украина, со повик на локалните власти до населението да остане во своите домови. Западни медиуми јавуваат дека силите на територијалната одбрана се ангажирани против руската војска. Извештаите јавуваат за оружени престрелки утрово и во Киев.
Украинското Министерство за здравство соопшти дека досега се убиени 198 луѓе, а повредени се 1 115 лица од кои 33 деца.