Кандидатите за градоначалници на Охрид и на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков и Иван Јорданов, прогласија победа на овие локални избори

„Историска победа!!! Ви благодарам Охриде!! Од утре уште појако одиме!“,
напиша Пецаков на Фејсбук.
Јорданов на Фејсбук напиша дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип е над 15 000 гласа.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15 000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“,
напиша Јорданов.