Во разговорите е вклучен и рускиот амбасадор кој рекол дека ќе ги искористи своите лични контакти за да го забрза процесот
Иако најавите беа дека до крајот на февруари ќе пристигнат 200 000 вакцини од кинеската „Синофарм“, министерот за здравство, Венко Филипче најави дека тоа ќе се одложи за неколку дена.
И со кинеската фирма, но и со „Фајзер“ во тек се финалните прашања, но Филипче не сакаше да лицитира со датум, бидејќи, како што рече, досега се покажало дека производителите секогаш имаат дополнителни прашања.
Во меѓувреме, потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како и со кинеската компанија и со „Фајзер“. Во разговорите како што рече е вклучен и рускиот амбасадор кој рекол дека ќе ги искористи своите лични контакти за да го забрза процесот.
Паралелно продолжува вакцинацијата на здравствениот кадар со вакцините кои ги добивме до Србија.
Досега се вакцинирани 2.000 лица кои работат со ковид-пациенти. Сите вакци работници во Скопје се вакцинирани и сега следи вакцинација на оние од другите градови.
Потоа на ред се вработените во лабораториите кои испитуваат вакви примероци, матичните лекари и некои стоматолози.