Пекинг одби да ја осуди инвазијата на нејзиниот близок партнер Русија, а кинескиот претседател Си рече дека сака „двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат тешкотиите и да продолжат со разговорите за да постигнат резултати“
Кинескиот Црвен крст ќе обезбеди хуманитарна помош во вредност од пет милиони јуани, или 791 540 американски долари, за Украина, изјави денеска, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, а јавија британски медиуми.
Пекинг одби да ја осуди инвазијата на нејзиниот близок партнер Русија, а кинескиот претседател Си рече дека сака „двете страни да го задржат моментумот на преговорите, да ги надминат тешкотиите и да продолжат со разговорите за да постигнат резултати“.
Хуманитарна помош за Украина се собира и на повеќе места низ С Македонија. Здружението на Украинци „Лесја Украинка“ отвори голем пункт во скопската населба Ѓорче Петров, а за таа намена има и поставен шатор на градскиот плоштад во Скопје. Велат дека е потребно буквално сѐ – од лекови и храна до облека и обувки.
Скопјанец донирал количка, патерици и други помагала што му припаѓале на синот кој починал. „Со солзи на очи, рече, мене не ми треба, тоа ќе треба на некој, а сега се знае на кого“, велат од здружението.
Руската инвазија врз Украина минатиот месец натера над два милионa Украинци да побегнат во странство.