Министерот Фенгхе денеска ќе го посети Министерството за одбрана, а потоа, како што е најавено, ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска
Кинескиот министер за одбрана генерал Веи Фенгхе денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Министерот Фенгхе денеска ќе го посети Министерството за одбрана, а потоа, како што е најавено, ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Премиерот Зоран Заев минатата недела, најавувајќи ја посетата на кинескиот министер, рече дека тој најверојатно ќе даде и попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини.
„Додека не потврдат одлука од ‘Фајзер‘, ‘Спутник‘ или ‘Синофарм‘ дека вакцините се товарени, ние не можеме точно да кажеме кога ќе стигнат. Она што го знаеме е дека кон крај на март ќе стигнат првите количини од механизмот Ковакс и верувам дека тогаш ќе бидеме подготвени за масовната вакцинација. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од ‘Спутник’ кои се користат за здравствените работници. Покрај здравствените домови и здравствените установи каде што може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението“,
изјави Заев по посетата на фабриката „Брако“ во Велес.