Како што јави Пентагон, на состанокот во Сингапур, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинескиот колега Веи Фенге оти Пекинг треба да се воздржи од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван. Според кинеското Министерство за одбрана, пак, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван
Кина нема да се двоуми да започне војна доколку Тајван прогласи независност, изјави денеска во Пекинг портпаролот на Министерството за одбрана по средбата на министерот за одбрана, Веи Фенге и неговиот американски колега, Лојд Остин во Сингапур.
„Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без разлика колкава е цената“,
рече Ву Џијан, цитирајќи го министерот за одбрана за време на состанокот со американскиот колега.
За време на состанокот меѓу двајцата министри, Пекинг ветил дека ќе се го спречи секој обид на Тајван за независност, а Вашингтон ја повикал Кина да престане со дестабилизација на островот со самоуправа.
На состанокот во Сингапур за време на безбедносен форум, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинескиот колега Веи Фенге оти Пекинг треба да се воздржи од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван, јави Пентагон. Според кинеското Министерство за одбрана, пак, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван.
На состанокот, кинескиот министер му се пожалил на американскиот колега за американската продажба на најновиот пакет оружје на Тајван и предупредил на можен конфликт околу тој остров со сопствената самоуправа, која Кина ја смета за своја територија, додавајќи дека продажбата на оружје на Тајван сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и неговите безбедносни интереси.